IE

Loading...

You're viewing YouTube in English (US).
Switch to another language: | View all
You're viewing YouTube in English.
Switch to another language: | View all

Ethnic Macedonians celebrate Ilinden,Ovcharani, Lerin Region

11,989 views

Loading...

Loading...

Rating is available when the video has been rented.
This feature is not available right now. Please try again later.
Published on Jul 20, 2008

20.07.2008
Прославата на религиозниот и национален празник Свети Илија, што вчера започна во селото Овчарани, во близина на Лерин се одвива непречено и според предвидената програма

На традиционалната културна манифестација пристигнале околу 5 -- 6 илјади луѓе од регионот и околината, а денеска свој настап треба да има и културно уметничкото друштво од Македонија „Танец", соопштија за Макфакс извори од Виножито, политичка партија на Македонците во Грција

Тие велат дека станува збор за „типична македонска прослава".

„Најпознатите медиуми во Грција ја оцрнуваат оваа манифестација наведувајќи дека екстремисти од Скопје, намерно сакаат да ја провоцираат Грција", велат од Виножито.

Според нив, дури и еден од најпопуларните грчки весници „Та Неа" пишувал дека македонскиот претседател Бранко Црвенковски ќе одржи „провокативен говор" во Овчарани (Мелити).

Од партијата сметаат дека целта на грчките мас медиуми, под диригентска палка на разни националистички кругови, па дури и од власта, е да го уплашат македонското население и да ја намалат масовноста на собирот во Овчарани. Се со цел да се потврдат сите изјави на грчките претставници дека не постои македонско малцинство во Грција.

Од партијата прашуваат како може една европска држава, како што е Грција да дозволи парадирање на крајно десна организација, како што е „Хриси Авги" на самата граница и да извикува пароли и вулгарни зборови на сите оние кои влегуваат во Грција со цел да присуствуваат на културната манифестација.

Comments are disabled for this video.
When autoplay is enabled, a suggested video will automatically play next.

Up next


to add this to Watch Later

Add to

Loading playlists...