Upload

Loading...

Po tragite na pismoto i jazikot na Drevnite Makedonci - Kamenot od Rozeta 4/4 MACEDONIA

3,065 views

Loading...

Loading...

Loading...

Rating is available when the video has been rented.
This feature is not available right now. Please try again later.
Uploaded on Jul 30, 2009

Po tragite na pismoto i jazikot na Drevnite Makedonci - Kamenot od Rozeta 4/4
Во овој труд се презентирани резултатите од истражувањата реализирани во рамките на проектот "Дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета", финансиран во рамките на МАНУ во периодот јануари, 2003 до декември 2005 година.
Предмет на ова истражување е еден од најпознатите текстуални артефакти од стариот Египет, предмет на бројни проучувања и истражувања во научниот свет од областа на античката историја и лингвистиката - Каменот од Розета (поглед однапред, поглед одзади, приказ на трите текста на каменот, послободен превод на декретот на Птоломеј Епифан Евхаристос
Озвучувањето на идентификуваните слогови знаци, осамени согласки или самогласки и лигатури е реализирано со користење на архаизми од дијалекти на современиот македонски јазик. Во анализираниот текст кој е пишуван оддесно налево, без растојание меѓу зборовите и одвојување на речениците, во непрекината низа идентификувани се повеќе од 160 зборови кои го задржале значењето и во современиот македонски јазик. Исто така, идентификувани се и одреден број на граматички правила кои се препознатливи и во современиот македонски јазик, како што е формирањето на суперлатив кај придавките со префиксот нај, множина кај именките со додавката и, појавата на определена и неопределена форма кај именките и зачестената употреба на предлогот на. Со вака идентификуваните слогови знаци, нивното озвучување и определените правила на пишување, создадена е еднозначна методологија за препознавање на одредени зборови и читање на напишаното.
Резултатите од дешифрирањето на средниот текст од каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои во текстот запишан на античко-грчко писмо ги нема. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822) дека средниот текст е оригиналот. Врз основа на нашите истражувања ова сознание можеме да го допрецизираме со констатација дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата која што тие ја управувале повеќе од еден век.
http://rosetta-stone.etf.ukim.edu.mk/

Loading...

When autoplay is enabled, a suggested video will automatically play next.

Up next


to add this to Watch Later

Add to

Loading playlists...