Loading...

LD Pistolero i Dj Goce S.A.F. - Eden Den (Official Video 2013)

623,512 views

Loading...

Loading...

Loading...

Rating is available when the video has been rented.
This feature is not available right now. Please try again later.
Published on Jul 12, 2013

Official page : https://www.facebook.com/LdPistoleroO...

Download link : https://soundcloud.com/dj-goce/l-d-pi...

Beat, Cutz, Mix i Mastering : DJ Goce S.A.F.
Lyrics : LD Pistolero
Recorded at Bootlegz Basement Lab 2013
Video : Goce Naumovski - Tazzak Akabatov / Osav Produkcija

Во песната има искористенo сегменти од два Македонски евергрини :
Бисера Велетанлиќ - Еден ден
Јанко Узунов - Дојди


Текст :

Еден ден ќе ме нема
во наследство го оставам сето она што вас ќе ви треба
и ќе ви служи да знаете за мене
за моите најблиски мојот народ и целото тоа време
колку тешко а убаво ни беше детството
и колку многу ни се љутеа другите од соседството
за нешто за кое ние не бевме криви
ама ќе патиме поради тоа додека сме живи
еден ден случајно ќе ти спомнат
за тоа дека братот на братот му бил непријател во војна
после која има фатални последици ќе спомнат дека за млеко и леб се чекало колони редици
а крвта не е вода ниту ракија
таков е балканов сите се фамилија чим ќе се напјат
од страна не гледаат ко вишок во светот
ко роза растена на бетон ко кратенка и ко ВЕТО
еден ден за ова ќе чуе мојата внука
и ќе знае зошто она е тамо а јас сум уште тука
ќе ме боли и многу ќе ми фали
а љубовта е поголема од сите океани
што не делат на крајот сликата ќе биде цела
душава полна е велат но зошто сите се селат
еден ден се надевам ќе сопре
тоа што не тера да си одиме сите од родно Скопје.

Eден ден ќе се сетиш на мене
и ќе ти зборат за мене ќе гледаш слики од мене
ќе слушаш мои песни читаш мои текстови и строфи
ќе ти каже мајка ти од текстов колку солзи срони
дента кога го напишав беше овде
ти незнаеш за ова беше бебе ама времето брзо ќе пројде
еден ден ќе тажиш ти
никад не заборавај од каде доаѓаш и каква си
со сите биди добра дури и со луѓе злобни
верувај во карма сакај природа сакај животни
еден ден се што ќе создадеш е твое
подели го со сите биди хумана таков е твојот корен
биди скромна само така ќе си среќна
материјалниот свет е лага само љубовта е вечна
еден ден ќе сфатиш дека нема цена
и дека тие што ги сакаш најмногу неможат да се сменат
еден ден ќе изгубиш и близок
мораш да прифатиш дека смртта е подеднаква со живот
не разликувај по боја ни по вера
сите сме исти под исто небо сме денес утре и вчера
некој од нив ќе ти биде зет и снајка
еден ден ќе бидеш сестра нечија сопруга баба мајка
а на мене секој ден ќе ми фалиш
и кога ќе ме нема ова пушти го место свеќа да палиш
не да жалиш затоа што назад нема
се што би те учел и советувал еве го во поема
еден ден ке сфатиш колку ова значи
и ако ти е полесно после слободно смеј се или плачи.

Loading...

When autoplay is enabled, a suggested video will automatically play next.

Up next


to add this to Watch Later

Add to

Loading playlists...