Loading...

Bogomili Bogomilsko dvizenje vo Makedonija 1/3

4,735 views

Loading...

Loading...

Loading...

Rating is available when the video has been rented.
This feature is not available right now. Please try again later.
Published on Feb 11, 2009

Своето непочитување на храмовите како „Домови Божји, го темелеле на Матеевото Евангелие (6.6.), во кое како место за молитва (според македонскиот превод), се препорачува „скришна соба во нивните домови. Сведоштвото за постоење на молитвени простории наоѓаме во легендите за поп Богомил, според кои неговото родно место е селото Богомила, во чија близина се наоѓа и неговиот гроб, каде бил изграден параклис, кој на Богомилите им служел како молитвен дом. За симболиката која ја користеле Богомилите имаме повеќе сведоштва. Првото известување го наоѓаме кај Александар Матковски10, кој ги наведува заклучоците до кои дошол Александар Соловјев11, дека на Богомилските надгробни споменици многу чест симбол е младата месечина, чии краци се поставени нагоре, а помеѓу нив е поставена ѕвезда. Оваа симболика нема ништо заедничко со Турскиот симбол. Соловјев ја објаснува иконографијата на Богомилите, односно длабокото симболичко значење што го изразуваат сонцето и месечината, кои биле сметани за небески кораби, т.е. „за живеалишта на душата на праведните пред заминувањето во рајот.
На обичните Богомили им било забрането да носат какви било украси и накит. Меѓутоа, постоело одликување, кое што се доделувало на поединци за вонредни заслуги, во вид на ланче на кое било прикачено парче бигор. Ова одликување тие можеле да го носат само во текот на петте „мртви дни, кои, според Богомилскиот календар, поделен на триесетишестдневни месеци, остануваат на крајот на годината. Овие пет дена, како и останатите шеесет неработни дена од шестдневната недела, Богомилите им ги посветувале на силата на создавањето. Драгољуб Драгојловиќ15, изнесува податок според Евтимије Периблепта, дека „овие безбожници, фундијати или богомили, не ги почитуваат иконите, но дека куќите во кои ги одржуваат молитвените обреди, однадвор и одвнатре ги зографисуваат и украсуваат. Во поглед на симболиката со која што ги илуминирале своите ракописни евангелија, дадени се податоците од Козма Презвитер. Полемизирајќи со учењето на Богомилите, тој пишува дека тајната на евхаристијата ја создал самиот Господ и дека таа преставува „суштествено тело Христово, а не неговиот образ, кој еретиците симболички го преставувале во Матеевото евангелие со ликот на херувим, во Марковото со ликот на теле, во Лукиновото со ликот на лав, а во Јовановото со ликот на орел.

Loading...

When autoplay is enabled, a suggested video will automatically play next.

Up next


to add this to Watch Later

Add to

Loading playlists...