103
  • Severnjak - Nokj bez kraj (2014)

    1,008 views 3 years ago
    Продукција: Северњак

    Текст:

    (Дел 1)
    Ајде да го рипнеме делот кајшто глумиме ни е мило,
    покажи го вистинското лице ко Чикатило.
    роден како човек, сега го дефинирам умот
    идентитетот мртов е, најден убиен од Хип Хоп
    по бит боксирам за да не експлодирам
    експлоатирам со твојот мозок како Хичкок.
    Дали ја знаеш стварно сенкава со која
    не сум сам како шизофреник секогаш во друштво?
    уште појачај го тонот, нека чуе градот полноќ е
    а битот уништен до ниво што гробот му е празен.
    Моите желби веќе се потреба, сум зависен од нив
    ми мрзне крвта, но стравот нека ме води (низ)
    чума на просечност со просечни луѓе полни со
    болест и навики што ги викаат понашање нормално.
    Не ме ставај во истиот фолдер со другите
    зошто немам триста луѓе, но сум зараза ко Тројанец

    (Реф.)

    Поетска болест - маана или доблест, но прави да полудам
    штом битот нагази во уво ме претвора во приказна
    не делиме исти крај, користам мајк за глас да пронајдам
    штом се одделиш од толпата почнува
    Поетска болест - маана или доблест, но прави да полудам
    штом битот нагази во уво ме претвора во приказна
    не делиме исти крај, користам мајк за глас да пронајдам
    штом се одделиш од толпата почнува ноќ без крај.

    (Дел 2)
    Со почетокот и зборот пратен до твоето уво
    новиот циклус на ораторските вештини фаќа место
    после две години од Memoriez уште тврдо
    во играва, кајшто туѓите гомна смрдат уште грдо.
    Дами и господо, пеери, плеери, хаслери со ниво IQ
    испод под просечно, емси за вас одлично
    и лично, секој удар пратен кирилично
    моите песни се како еким кога станува критично.
    Инстинктивно мајкот подај го како Гручо
    секој има план, но кој ќе купи пушки за бунтот?
    Кој е стварно доле вистински со овој отпор
    и зошто рапот наш е се што имаме од Хип Хоп?
    Фаците игнорантни прават да не седам мирно,
    но велат биди трпелив, ќе исчезнат со трендот.
    Па не мислам на бекство, листот мојот лифт од пекол
    иако си против сите, газиш ли по она што си рекол?

    (Реф.)

    (Дел 3)
    Закана сериозна како луѓето во стари слики,
    стилот болен активирај антивирус, па ме кликни.
    Не можеш да ме смислиш? Ондак сте ебено некреативни,
    а кој е крив? Ни Поаро не би и шепнал на Кристи.
    Третиот користи, дур стариве се серат,
    културава станува портрет на Доријан со глисти.
    Важат дела не причи, со рими богат ко Ричи,
    престижот ги тера фацките да бараат шести чин.
    (Баш е смешно) оние што ме навлекоа на рап и беа тврдокорни
    сега се шабани полни кич
    (Не е тешко) но мајк не допирај ако се што некад си прочитал
    во живот е менито во кафич
    (Прави место) клишето сите не држи в место како дебел човек
    во црвено заглавен во камин
    (Со касапен семпл) на листот едини избор му е во кој круг
    на пеколот да гори, амин

    (Реф.) Show less
    Read more
  • Uploads Play all

    This item has been hidden
to add this to Watch Later

Add to

Loading playlists...