Експресивни ликовни решенија, анимација набиена со моќен и комплексен колорит и дејство што следи патување на духот низ времето и просторот се сублимирани во експерименталниот 70-минутен филм „Самит на шаманите на уметникот Александар Станковски, што премиерно беше прикажан во рамките на Скопскиот филмски фестивал. Филмот е работен речиси шест години, со надградба на основната идеја за краткометражно дело. Во интервалите меѓу неговата сликарска работа и реализација на преформанси, пред публиката осамна уште еден, а Станковски го заврши снимањето и на новиот експериментално-музички филм наречен „Меџикл мистери кјур. Сепак, тој смета дека претходниот филм „Маклабас е неговото круцијално дело во изразот преку овој медиум, додека „Самит на шаманите е камерен филм што повеќе раскажува преку анимацијата.
- „Самит на шаманите е метафора на случувањата што ги живееме денеска, меѓутоа користени се некои историски стереотипи, а филмот е халуцинација низ времето и просторот. Доминираат ликовните зафати. Целата приказна е затворена во една рамка, а го следи патувањето на еден актер и на некој начин ја рекапитулира неговата стварност. Постои некое итро интро - вели Станковски.
Link to this comment:
All Comments (2)