Македонските кошаркари пречекани од над 100.000 граѓани

Loading...

Sign in or sign up now!
Alert icon
Upgrade to the latest Flash Player for improved playback performance. Upgrade now or more info.
5,876
Loading...
Alert icon
Sign in or sign up now!
Alert icon

Uploaded by on Sep 19, 2011

19.09.2011 - Кошарка
Илјадници граѓани денеска на аеродормот „Александар Велики", низ улиците на Скопје и на плоштадот „Македонија", им приредија величествен пречек на македонските кошаркарски репрезентативци кои го освија четврото место на Европско првенство во Литванија.


На скопскиот аеродром беа присутни на 5.000 илјади љубители на кошарката од цела Македонија. Тие допатуваа со 30-ина автобуси и стотици автомобили и мотоцикли со желба да бидат меѓу првите кои ќе им го честитаат големиот успех на избраниците на Марин Докузовски. Црвено-жолтата боја доминираше од илјадниците македонски знамиња кои на на аеродромот ги вееја луѓе од најразлични возрасти.

Прва по слетувањето успехот од името на Владата на кошаркарите им го честита министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

- Вчера по поразот ни беше многу тешко. Имавме болка во срцето зошто не ја освоивме медалјата, но сега кога ве видовме тука со поддршката што ни ја давате, колку не почитувате, не ни треба медалја, вие сте нашата медалја. Нема да ве разочараме и понатаму ќе победуваме за вас, истакна пред насобраните граѓани селекторот Докузовски.

Тоше Гечевски, пак, рече дека чувствата се поделени, и радосни и тажни. - Бевме толку блиску до медал, но на крајот не го освоивме, додаде Гечевски.

- Покажавме кои сме. По победата над Хрватска и Грција веќе ја истакнувавме нашата кандидатура за висок пласман, а по победата над Грузија ни се отворија можности за влез во осумте најдобри. По триумфот над домаќинот Литванија влеговме во големата четворка, а сега ни преостанува на следното ЕП да освоиме медал, изјави Предраг Самарџиски.

По пречекот, кошаркарите, сместени во панорамски двокатен автобус специјално брендиран за нив, го предводеа конвојот од автобуси низ улиците на Скопје. Застанаа на два пункта, кај ТЦ „Бисер" и кај НБРМ.

Централната прослава на големиот успех е на плоштадот „Македонија" кај споменикот „Воин на коњ", на која ќе и претходеше симболично минување на кошаркарите низ портата „Македонија".

Кошаркарите први ги поздравија младинските кошаркарски тимови од целата држава. Граѓаните ќе можат да ги фотографираат и поздрават пред фонтаната на плоштадот. Потоа ќе следи едночасовна програма, со обраќање на кошаркарите, настапи на пејачи од македонската естрада и изведби на навивачките химни и песни, презентација на извадоци од најдобрите спротски моменти на репрезентацијата...

  • likes, 0 dislikes

Link to this comment:

Share to:
see all

All Comments (3)

Sign In or Sign Up now to post a comment!
  • па како

  • македонија ке биди европски првак со господ напред

  • Фантастично

Loading...

Alert icon
0 / 00Unsaved Playlist Return to active list
    1. Your queue is empty. Add videos to your queue using this button:
      or sign in to load a different list.
    Loading...Loading...Saving...
    • Clear all videos from this list
    • Learn more