Студени Нозе -- Црно бело (текст)
Сиви луѓе
сиви пари
сиви денови
само ти си црна
со очи зелени
Бели ноќи
бела смрт
бели кечиња
само ти си црна
со нокти црвени
Плаво небо
плава крв
плави шлемови
само ти си црна
со црни чорапи
Жуто злато
жути гаќи
жута минута
само ти си црна
со бели колена
Реф:
Нејќам колор телевизор
сакам црно - бел
сакам да те размонтирам
цела, дел по дел
светот мој да нема бои
да е бело - црн
ти да бидеш Трнорушка
а јас твојот трн
Бели заби
бело прање
бели патики што смрдат
бела куќа и комшии
сите накај нас што прдат
Модри сливи
модри вени
модри модрици
модри подочњаци
млади помодрени фаци
Розе чипка
розе чаршав
шише со розе таблети
розе вино
розе светло
кај тебе до касно свети
Ти си црна
јас сум зелен
пембе петли ќе не будат
тебе ти е стално топло
но моиве нозе ќе ти студат
Реф:
Нејќам колор телевизор...
Link to this comment:
All Comments (0)