Oфицијална Химна на градот Велес „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов
Велес покрај другото ги воспева и своите борци, херои и закрилници, паднати за слободата на својот народ. Една таква елегија го оплакува јуначкото загинување на Миле Поп Јорданов, но и големата тага на Велес по него. Миле Поп Јорданов(1877 - 1901) бил македонски револуционер и просветен деец, член на ТМОРО, брат на познатиот велешки гемиџија Јордан Поп Јорданов - Орцето и на Петар Поп Јорданов. Роден е во Велес, а се школувал во битолската неполна машка гимназија и Духовната семинарија во Цариград. Бил исклучен од обете образовни институции поради својот бунтовнички темперамент и се се посветил на учителскиот позив. Како активист во револуционерната организација, се вклучил во реонската чета која дејствувала во Радовишко, загинува во борба со турскиот аскер во 1902 година, правејќи му отстапница на штипскиот војвода Караџов. Караџов успеал да се извлече од Велес, но цената за тоа бил животот на Миле поп Јорданов ,Имено несакајќи жив да падне во рацете на непријателот се самоубил. За да се заплаши народот во Велес, мртвото тело на Миле Поп Јорданов три дена останува на улица. а луѓето одејќи по сокаците говореле: "Бог да го прости Миле Поп Јорданов". Овие зборови прераснуваат во прекрасна елегија, како вечен паметник на Миле поп Јорданов.Во негова чест е испеана познатата народна песна Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, која денес е и официјална химна на градот Велес.
B.Temelkov
много убав вариант - браво македонци, мои роднини...
savata71 2 years ago 4
M A K E D O N I J A
Glavetina988 1 year ago 2