Четвртиот поглавар на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Михаил (1912-1999)не само што беше дел од објективните историски процеси за возобновување на МПЦ, туку и подоцна, како свештеник, а особено како поглавар на МПЦ, го продолжи делото на своите тројца претходници. Тој ја градеше МПЦ во сите нејзини аспекти - како црква еднаква на другите сестрински православни цркви. Тоа градење не беше без искушенија. За време на неговото раководење со МПЦ, Архиепископот знаеше дека пред него стојат предизвиците на средувањето на односите со и во прекуокенските епархии, борбата за враќање на црковните имоти, возобновувањето на монашкиот ред, иницијативата за воведување веронаука во образовниот систем, воведувањето на мисионерството, како и најболното прашање - признавањето на МПЦ од страна на православната црковна заедница. Сосема е познато дека Г. Г. Михаил започна, а голем дел од тие предизвици и ги реализираше, заедно со дел од своите браќа архиереи и со добронамерните свештеници.
All Comments