Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска го посети селото Требиште во областа Голо Брдо, Република Албанија, каде се сретна со локалното население.
премиерот Груевски одржа средба со претставници на македонското национално малцинство во Албанија и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, на која станало збор за потребите за продлабочување на поддршката и соработката помеѓу Македонија и Албанија, со цел да се подобрат условите за живот на етничките Македонци кои живеат во областа Голо Брдо, особено во делот на патната инфраструктура, образованието и здравствената заштита.
Во рамки на посетата, премиерот Груевски, присуствувал и на час по македонски јазик за децата од Голо Брдо, кои за оваа прилика приредиле кратка презентација и рецитал.
Link to this comment:
All Comments (0)