Мост ми ѕидаат девет мајстора - музика и текст Васка Илиева, аранжман Зоран Марковски
Мост ми ѕидат девет мајстора,
девет мајстора, до девет браќа.
Мост ми ѕидат во Кратово,
во Кратово, река Манцева.
Дење го ѕидат, ноќе мост им паѓа.
Се опкладиле деветте браќа:
која ќе снаа утре да дојде
ручек да донесе на мајсторите
нејзе ќе ја в' темел заѕидаме
да ни затрае мост на реката.
Вечерта кога дома дојдоа
сите им кажале на невестите,
само не ѝ кажа најмалото братче
он не ѝ кажа на Рада невеста.
Станала Рада ручек зготвила,
ручек им однела на мајсторите.
Kога ја виде Радино момче
викнало оно на глас да плаче.
Кога ја фанаа, Рада, девери
ја заѕидаа во темели.
Рада на девери милно се моли:
-Барем остајте ми десната града.
Барем остајте ми десната града
за да си надојам машкото дете.
Ѝ оставија десната ѝ града
за да си надои Рада единче.
Most mi dzidat devet majstora - macedonian folk song, lyrics tekst
Vaska Ilieva - Macedonina folk singer
Link to this comment:
All Comments (0)