СТИГНА ЗАКАНА И ОД ГРЧКА ТЕРОРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Во стилот на светските терористички организации по примерот на Ал Каеда, грчката организација ЕКЕП ги упати заканите до Македонија. Маскирани и вооружени шестмина припадници на оваа група преку видео порака бараат скопјани да ја видат историјата. Зборовите упатени до Македонците се насловени како порака од планините на Крит. Овие луѓе порачуваат да се сетиме на минатото на нашите дедовци и прадедовци.
- Скопјани научете ја конечно историјата. Ви порачуваме вас и на вашите влади да размислите за доброто и да не си играте со нашето трпение. Вие, кои се криете зад туѓи гробови, ако им посакувате добро на вашите земји прекинете ја играта. Добро би било да погледнете наназад во историјата и да дознаете што им се случи на вашите дедовци и прадедовци од страна на нашите дедовци од Крит. Научете ја историјата.
Во видео пораката оваа група им се обраќа и на останатите соседи, Албанците и Турците. И ако нивната влада јавно изнесените пораки на македонските политичари ги оценува како ширење на меѓусоседско нетрпение, овие пораки поминуваат незабележани. Додека властите од Атина се обидуваат да докажат дека се наши "пријатели", нивните граѓани дипломатија лесно ја заменуваат со пушки и закани.
All Comments