На 12-ти Декември 2011, ексклузивно на регионалниот музички канал МТВ беше промовиран новиот видео запис на Тони Зен за темата „Три" кој летово беше снимен на Универзитетот ФОН , Рок&Рол студио, Неуромедика, Козјак и аеродромот „Александар Велики".
„Три" е авторско дело на Бертан Аслани кое се наоѓа на албумот „Тони Зен е... Суперзен", а текстот за неа го напиша самиот Тони. Во видео записот, според самите стихови, три исклучително атрактивни и секси девојки се грижат за Тони, од кои едната го учи, другата го негува, а третата го служи во авион. Режисер и на ова видео издание на Тони Зен е Мерт Аслани од БМА продукција.
„ Прекрасно беше чувството истовремено да се слуша звукот на ферари и работењето на моторот на авион. Не сум љубител на брзи и скапи автомобили, но сепак ќе речам- ферари си е ферари. Презадоволен сум од тоа што целата екипа, иако непрекинато работеше цели два дена, сепак го даде својот максиму. Едвај чекам да ја видам премиерата, утре во 20 часот на МТВ (Music Television) " -- вели Тони Зен.
Извор: http://www.radiomk.com
Link to this comment:
All Comments (0)