Кирил Пејчиновиќ - Тетоец (1771 - 1845) е просветителски автор кој сите свои дела ги напишал на народен јазик и заедно со Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на современа македонска книжевност од 19 век.
Современите бугарски стремежи насочени кон културното и историско наследство на Република Македонија не го одминуваат ни Пејчиновиќ. Имено, бидејќи на првата страница од книгата "Огледало" стои дека книгата е напишана "ради потреби и ползованија препростејшим и не книжним јазиком Болгарским долнија Мисии...", БАН тврди дека тоа е израз на националната освестеност на тогашните народни маси од Македонија како "Бугари". Сепак, самиот Пејчиновиќ, а и неговиот современик Крчовски го опишуваат тогашниот словенски народ од Македонија како христијани по род, односно како што и самите пишуваат "рода христианскаго".
Интересно е дека Пејчиновиќ во својата втора објавена книга пишува дека таа е напишана на простиј јазик, без додавање на "болгарскиј", што уште еднаш укажува на тоа дека во овој период е зачетокот на националното освестување кај македонските Словени.
Македонската Православна Црква:
www.mpc.org.mk/
All Comments