Сакам да упатам и една порака до сите чесни професионалци во јавната администрација, во образованието и здравството, во Министерството за внатрешни работи...
Новата власт ќе има целосна почит кон вашата работа и залагање.
Новата власт ќе ве ослободи од сите притисоци и понижувања на кои бевте изложени.
Почитувани директори, началници, раководители,
Немојте да се однесувате како германските офицери во 1945та.
Немојте да влегувате во криминалните сценарија на власта во заминување. Не спроведувајте наредби кои значат кршење на законите. На 5ти јуни ќе се случат промени. Ќе одговарате!
Законската казна за прекршување на Изборниот закон е 5 години затвор.
Не дозволувајте заради личните интереси на мала група луѓе во врвовите на власта да си ги упропастите сопствените животи.
Бидете на страна на законот.
Бидете на страна на народот.
Изјава,СДСМ
Бранко Црвенковски, претседател
Скопје, 03.06.2011 година
Link to this comment:
All Comments (0)