Со германска технологија заштедува 90 отсто енергија при ладење на домот
Струмичанецот Славчо Ѓеоргиев е несомнено единствениот Македонец кој секој ден доаѓа на работа без да води грижа дали надвор е студено или неподносливо топло.
650 метри квадратни работен простор, овој човек ги грее и лади со енергија од воздух и вода. Германската технологија за изградба на ваков високо енергетски ефикасен објект е за прв пат применета во Македонија.
Компјутерски ја програмираат температурата, вршат замена на воздухот во просториите на секои два часа, имаат неограничено топла вода и за сето тоа плаќаат симболична сума. Според грубите процени, годишно трошат околу 45 илјади денари за електрична енергија.
Славчо 5 години ги истражувал перформансите на пасивните објекти. Сега во него ќе обучува млади луѓе кои на инвеститорите ќе им нудат проекти што ќе им ги враќаат вложените пари за само неколку години.
Link to this comment:
All Comments (0)