"Нема кривична одговорност на хеликоптерската несреќа кај катлановско блаце, во која на 12 јануари 2008-та година загинаа 11 македонски мировници, враќајќи се од мисијата Алтеа во Босна и Херцеговина.Јавниот обвинител Љупчо Шврговски денес истакна дека во извештајот на британскиот експерт Едвард Пули дадени се јасни и недвосмислени одговори за причината за хеликоптерската несреќа. До неа дошло поради необученост на пилотите да управуваат со новата опрема во хеликоптерот, односно сандел инструментот за инструментално водење на леталото.Членовите на семејствата на загинатите мировници незадоволни од одлуката на Обвинителството. Велат кривична одговорност мора некој да понесе, вистината е ја бараат до крај, како и оние кои треба да одговараат за несреќата.
Македонските мировници на 12-ти јануари го завршија својот последен лет на 12-ти јануари 2008-та година враќајќи се од мисијата Алтеа од Босна и Херцеговина, кога во 12 часот и 24 минути радарска контрола на скопскиот аеродром изгуби контакт со хеликоптерот Мил Ми-17."
Link to this comment:
All Comments (0)