Ленче Дедејска-Кукиќ - Вино и љубов, текст:
Да наздравиме за убаво,
да наздравиме за бериќетно.
Нека бидат тие наши мисли, мали молитви,
Господ, за нас, ќе ги исполни.
Да ги кренеме, горе, чашите
и, со ова добро вино, да наздравиме.
Да ги кренеме, горе, до небо,
секој нѝ е добредојден во Валандово.
Вино и љубов, сонце и песна,
југот нѝ го топли срцево.
Во една голтка, среќа и болка,
такво нѝ е овде небото.
Вино и љубов, сонце и песна,
југот нѝ го топли срцево.
Љубовни песни, под златни ѕвезди.
вечно да нѝ е Валандово.
Да наздравиме за љубовта,
да наздравиме од душата.
Нека бидат тие наши мисли, чисти и искрени,
Господ, за нас, ќе ги исполни.
Да ги кренеме, горе, чашите
и, со ова добро вино, да наздравиме.
Да ги кренеме, горе, до небо,
секој нѝ е добредојден во Валандово.
Вино и љубов, сонце и песна,
југот нѝ го топли срцево.
Во една голтка, среќа и болка,
такво нѝ е овде небото.
Вино и љубов, сонце и песна,
југот нѝ го топли срцево.
Љубовни песни под златни ѕвезди.
вечно да нѝ е Валандово.
Ленче Дедејска -
јас те сакам <3
OAngi1 5 days ago
prekrasno
caci70MK 1 month ago