шестото коло од првата фудбалска лига ќе трае од денеска до понеделник.
Сепак, и по него Работнички и Силекс ќе останат двете непоразени екипи. Причина е нивното денешно реми 1:1.
Раритет, во шеснаесетиот скопски дуел овој е прв нерешен.
Силекс кој на сите три гостувања освои по бод ја имаше почетната иницијатива заокружена со стативата на Андонов во 14 минута.
Како казна и резултат на киксот на голманот на кратовци Костуранов, веднаш на спротивната страна дојде водечкиот гол на Савиќ, 1:0.
Упорните гости израмнија во 60 минута, по акцијата на Трајчев и стрелецот Заревски.
Работнички последен преку силва во 75-та минута пропушти прилика да ја запише петата првенствена победа.
Романтичарите ќе останат први на табелата со 14 бода, 4 повеќе Силекс кој барем привремено поради гол разликата ќе ја прескокне сега третопласираната Ренова.
Од четвртото до шестото место со по осум бода поредени се Македонија Ѓорче Петров, Хоризонт Турново и Пелистер.
Четиридневното празнично шесто коло од првата фудбалска лига утре ќе содржи два натпревара, Ренова - Победа и Милано - Тетекс.
В недела е една од двете дерби пресметки, Металург - Македонија Ѓорче Петров директно на А1 од 15 часот и 30 минути.
Во истиот термин ќе играат и Пелистер - Хоризонт Турново.
В понеделник, пак на чаир е дуелот на екс шампионите, Слога Југомагнат - Вардар.
Link to this comment:
All Comments (0)