26.04.2007 - Американската и канадската администрација се добро информирани за проблемите на македонското малцинство во Бугарија и Грција, а состојбата со прекршувањето на малцинските права во овие две земји се следи редовно. Ова е впечатокот на претставниците на македонците од Грција и Македонија, кои деновиве имале средби со влијателни претставници на владите на Канада и САД.
Архимандритот Никодим Царкњас, Павле Воскопулос од Виножито и Стојко Стојков од „ОМО Илинден", пред американскиот Хелсиншки комитет објасниле дека нивните барања се однесуваат исклучиво на почитување на меѓународните конвенциите за човекови права и во никој случај не се однесуваат на сепаратистички прашања, како што понекогаш се тврди во Бугарија и Грција.
All Comments