ОМО Илинден Пирин Бугарска Македонски глас Македонци Бугарија България Македония Българи благоевград уапсен претседател стойко стойков македонија стојко стојков omo ilinden pirin bugarija bugari makedonija makedonci uapsen stojko stojkov blagoevgrad pretsedatel
Уапсен сопственикот на печатницата што го издава весникот на ОМО Илинден Пирин
31.01.2011 - 16:19 | Балкан
Бугарската полиција утрово го уапсила сопственикот и еден од вработените во печатницата када се печател партискиот билтен на ОМО Илинден Пирин.
Полицијата го конфискувала и целокупниот тираж од последниот број на Македонски глас, списание кое утре требало да биде испечатено, а непречено излегува околу шест години.
Двајцата уапсени, кои инаку и не се членови на ОМО Илинден Пирин, цел ден биле на распит во благоевградската полиција.
Никој од македонската заедница нема сознание кои се причините за овој упад на бугарската полиција.
Во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, велат дека немаат регистрирано ваков случај и од тие причини немале што да и соопштат на јавноста.
Стојков смета дека овој упад е дел од притисокот врз Македонците пред стартот на утрешниот попис во Бугарија.
Бугарските закони не ограничуваат издавање на печатени изданија.
Изминативе дваесет години само еднаш бил запленет тиражот на Народна Воља, списание на Македонците од Бугарија.
Link to this comment:
All Comments (0)