По две нерешени без погодоци, Пелистер го победи Вардар на стадионот под тумбе кафе во Битола.
Алтипармаковски го реши 25-то вечно дерби на македонскиот фудбал. Еден гол му беше доволен и на Силекс за да го совлада Тетекс во другиот денешен натпревар од 10-то прволигашко коло.
Пелистер - Вардар 1:0, ист резултат и во Кратово на мечот Силекс - Тетекс.
Милано и Слога Југомагнат ќе играат утре, а вчера Работнички - Победа 6:2, Хоризонт - Македонија ЃП 0:1 и Ренова - Металург 3:1.
На водечкото трио Работнички 24, Ренова 23 и Македонија Ѓорче Петров 17 бода, му се приклучи Силекс со 16.
Хоризонт Турново остана на 15 колку што има и Пелистер кој напредуваше една позиција.
Металург сега е седми со 12 бода, Тетекс осми со 11, кај Вардар засега не се менува ништо - девет бода, но може да го загуби 9-то место од Слога Југомагнат. Победа и Милано се на дното.
Link to this comment:
All Comments (0)