Вевчани е убаво село, кое повеке личи на мало гратче. Тоа е познато по Вевчанскиот карневал и Вевчанските извори, но за да стигнете до Вевчани треба да имате среќа за да сретнете некого за да го прашате каде се свртува за селото бидејки по патот од Струга до селото никаде нема патокази. Единствениот патоказ за оние кои идат од кај Дебар беше турнат на земја. Недоволното поставување на патокази во Македонија е стара приказна која многу бавно се испрвува! Бидејки живееме со надеж да се надеваме дека и овој голем проблем некогаш ке се исправи. На патот од Велес за Штип, кај селото Кардафаково (во Овчеполието) често се случуваат тешки сообраќајни несреки со човечки жртви, а надлежните никако да превземат мерки и овој дел на патот да биде побезбеден за човекот, но и за стоката која често гине од силните удари на возилата кои на овоа населено место покрај патот се движат со дозволена брзина од 100 км. на час (!?). Апсурдот да биде поголем и зачудувачки на патот кај ова село постојат знаци со ограничена брзина од 100 км. на час, до него стои знак за луге и знак за стока?! Вакви правила до сега низ Европа не сум забележал по патиштата. Овој проблем многу лесно и едноставно се решава со промена на знакот за ограничување на брзината од 100 на 40 или 50 км.
Link to this comment:
All Comments (0)