Пред некој ден бевме сведоци на еден невиден скандал и исмевање со нашата вера Исламот. Истото се случи на еден пагански обред и карневал во кој „демек" се исмеваат неморалноста и државата. Што е уште потрагично истиот „карневал" беше спонзориран од Министерството за Култура.
Овие денови Македонската, а пред сè муслиманската, јавност ја брануваат разни видови на невистини поврзани со Мирниот протест одржан во Струга, на 27.01. петок.
Како муслимани горди сме на нашата заедница која излезе во голем број, да го искористи своето право и да го крене гласот против навредувањето и сквернавењето на она што на нас ни е најсвето, а тоа е исламот. Протестот заврши на начинот на кој започна, а како што им доликува на муслиманите, достоинствено.
Ние веруваме дека одговорните за навредите на карневалот ќе се извинат и ќе сносат кривична одговорност со што правдата ќе биде задоволена и дека ваквите умислени испади на карневалот ќе бидат последните од овој тип. Но, тоа што не смееме да си го дозволиме повеќе од навредите е да го валкаме ние самите името на исламот и да го погазиме исламското учење за толеранција и соживот, пред сè со нашите соседи немуслимани, па и пошироко.
Link to this comment:
All Comments (0)