16.09.2008
Претставници на Македонците од сите региони на Егејска Македонија се собраа на средби со Геј Мекдугал, независниот експерт за малцинства на ОН. Средбите со претставниците на македонското малцинство во Грција се одржаа во Воден и во Лерин.Членовите на „Виножито, партијата на Македонците во Грција, посетата на независниот експерт ја оценуваат за историска истакнувајќи дека е тоа прва посета на претставник на ОН во чиј мандат се правата на малцинствата на регионот.Ние долго се подготвуваме за средбата со претставничката на ОН. На средбите со Мекдугал дојдоа претставници на Македонците од сите околии во Егејска Македонија. Дојдоа Македонци од Воденско, Костурско, од Серес, соседите на премиерот Караманлис, до Кукуш, Солун и Катерини. Мекдугал можеше да слушне каде се' има македонско малцинство
All Comments