http://www.mof.org.mk/index.php?id=241&sodr=vest
Младински образовен форум ви го честита 10ти декември, Меѓународниот ден на човекови права.
Младински образовен форум (МОФ) е младинска граѓанска организација која повеќе од 12 години се залага и активно работи на вредностите како што се дебата во демократско општество, култура на дијалог и толеранција, владеење на правото и заштита на човековите права, младински активизам и слободоумно размислување и изразување. Затоа, МОФ реши оваа година на Меѓународниот ден на човековите права да повика на внимание во јавноста за важноста и значењето на слободата на изразување како најактуелно и најсуштинско прашање од областа на човековите права денес во нашето општество.
Link to this comment:
All Comments (0)