9 октомври, денот кога ВМРО прави атентат врз српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ
Владо Георгиев Црноземски (19 октомври 1897 -- 9 октомври 1934) бил револуционер од ВМРО
После првата светска војна и поделбата на Македонија, вардарскиот дел на Македонија влезе во новоформираната држава Кралство на СХС. Управата на новата државa ја преземаат во свои раце големосрпските монархистички кругови под раководството на крал Александар.
Прогласувајќи ја како официјална доктрина теоријата за т. н. "Интегрална Југославија", согласно којашто Србите, Хрватите и Словенците се објавуваат за единствен троимен народ, а за Македонците кој ги нарекуват "прави Срби" и за Црногорците воопшто збор не станува. Белград им го одрекува правото на овие народи на национална самобитност, култура, автономно или национално самоопределување. Со конституцијата од 1921 г. се озаконува српската раководна ролја на државата. Југославија се претвора во воено-полициска држава, со корумпирана администрација, полициско самоволие и беззаконија,во којашто се спроведува угнетувачка политика спрема несрпските народи.
Часот е 4,20 после пладне. Во тој момент од толпата меѓу двајца полицајци скокнува добро облечен, со силна градба маж, кој што притрчува покрај коњот на полковникот Пиоле, викајќи "Вив л роа!" (Да живее кралот), скокнува на прагот на кралскиот автомобил и пука неколку пати со револвер кон кралот Александар, а потоа и кон Барту. http://makedon.blog.mk/tag/ владо-черноземски/ Без да дојде во сознание, атентаторот умира во 8 часот вечерта во болницата. Во алиштата му откриваат чехословачки пасош на име Петер Келемен, револвери "Маузер" и "Валтер" и бомба. На десната рака имал тетоважа со иницијалите на ВМРО: череп, вкрстени коски и девиза "слобода или смрт". Погребан е на 12 октомври на марсејските гробишта во присуство на двајца детективи и гробари. Местото на погребот не е означено.
Роден е во селото Каменица во реонот на Велинград, Пиринска Македонија, на 19 октомври 1897. Завршил само трет клас во родното село. Во 1922 станува член на ВМРО под името Владо Димитров Црноземски. Како член на ВМРО, влегувал во Македонија со чети и учествувал во борби повеќе од 15 пати. По карактер бил познат како ладнокрвен и бестрашен, но и како еден од најдобрите стрелци во организацијата. Како еден од најподготвените личности му се даваат голем број на задачи кои ги извршувал за организацијата, меѓу кои е и ликвидацијата на Димо Хаџи Димов.
На 9 октомври 1934 во Марсеј го врши атентатот врз кралот на Југославија, Александар I Караѓорѓевиќ, и врз министерот Луј Барту.
ВЛАДО МАКЕДОНСКИ ЦРНОЗЕМСКИ
http://www.scribd.com/doc/62584234/1/Vlado-Makedonski-Crnozemski
Владо Македонски Црновемски?!?!? Що за глупост неземна, хахаха :)
Името му е Величко Димитров Керин, роден в с. Каменица, днес дял от гр. Велинград. Това е и моят роден град.
Velingrad80 1 month ago
ako atentatotorot Gavrilo go potpali fitilot na WW1, Vlado go potpali na WW2... realno, nezavisno od nivniot ličen ideološki motiv, sepak bile piuni na golemite sili, duri i da ne znaele, t..e. golemite sili ne bile direktno eksponirani, tuku figurirale pomali državi...
dimges 5 months ago