Во тешка сообракајна незгода загина 35 годишниот припадник на единицата за брзо распоредување Сашо Панов од Злетово.
Несреката се случила околу 10.30 минути на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Долни Балван кога дошло до директен судир помегу Ауди управувавно од починатиот Панов и џип Порше управуван од Мите Николов, сопственик на фабриката за масло Брилијант од Штип.
Според полициски информации Аудито преминало на спротивната коловозна лента, со силна брзина удрило во џипот при што го исфрлило надвор од коловозот во ендекот крај патот. Од ударот Панов починал на лице место, а во џипот повреден е само еден од двајцата сопатници на Николов.
Link to this comment:
All Comments (0)