Неколку невладини организации денеска побараа да се изгради и џамија на плоштадот во Скопје, односно на местото каде некогаш се наоѓала џамијата Бурмали.
Сметаат дека ако може да се гради православен храм на местото на некогашната црква Свети Константин и Елена, тогаш истото треба да се стори и со овој верски објект.
Ако може да се изгради православна црква во центарот на Скопје и тоа врз темелите на домот на Мајка Тереза, тогаш треба да се изгради и Бурмали Џамијата која беше урната пред 84 години, побараа денеска неколку невладини организации составени во еден заеднички совет. Џамијата се наоѓала токму во центарот на Скопје, поточно на десната страна од Камениот мост, гледано од стариот дел на градот. Тие истакнаа дека токму на местото каде постоела џамијата ќе почнат и да одржуваат молитви.
„Ова е последна прес конференција каде само се фотографираме, друг пат со креда ќе го одбележиме местото на џамијата Бурмали, а во некоја следна пригода ќе извршиме и верски обреди под покровителство на ИВЗ. Не инсистираме на државна помош за изградба на џамијата Бурмали, но ако државата изгради црква со парите на граѓаните на Македонија, тогаш редно е со државни пари да се изгради и џамијата Бурмали која се наоѓа во центарот на Скопје изјави Рамадан Рамадани, претставник на координативниот совет за реконструкција на Бурмали Џамијата
„Иронијата е поголема затоа што Министерството за култура во буџетот за 2009 предвидело средства за реконструкција на некогашниот Офицерски дом кој ќе функционира како градска куќа. На таа локација има место за само еден објект и тоа за џамијата Бурмали која е споменик на културата, а во 1925 година на нецивилизирно била отстранета од тој простор рече Зија Абдиу, претставник на Советот за координирање и реконструкција на Бурмали џамијата
Link to this comment:
All Comments (0)