( Според "Кинологијата и кинеската астрологија" од И.Џепароски)
Кога рацете ќе ти станат лушпа од орев
лицето ко овој ненаместен кревет
бисерот меѓу гради- папок
,а утринсково кафе ќе го смениме со чај од хибискус
ради хипертензија
бакнежите ќе ги редуцираме!
(ионака ќе имаме доволно шеќер во крвта)
Проширените вени ќе ти бидат изговор да не играме танго
дискус хернијата ќе ми биде изговор да не те носам на раце
до постела кога ќе заспиеш пред ТВ
Овие бордо штикли во кои толку те сакам ќе се изедат
(тоа што ќе се случи кај мене... - ме вади од такт уште сега!)
Моите песни ќе ги заменат Цепенкови приказни за внуците пред спиење
нема да правам поплава во бањата насабајле таман-наведнат за лице миење
се поретко ќе ме боли глава од пиење
ќе станувам порано-со очи ко филџани и се помалку смигнати
прослава ќе биде утрото кога пижамите на едно место ќе ми бидат подигнати
може ќе ги смениме овие грди плочки- таман со твојата заштеда од влошки...
И никогаш нема да разбереш дека токму ти си крива
што толку го сакам животот и за него ќе наздравувам долго и со страст понекогаш
( а и тие наздравувања со газење под маса немој уште сега ти кажувам да ми ги мериш)
и дека све тоа ќе е за мое добро тогаш немој да почнеш да велиш
Сакам да знаеш дека и тогаш ќе ми пука срцево за тебе,
а ти гушни ме-немој да трчаш со апаратот за крвен притисок да ми мериш
Кога рацете ќе ти станат лушпа од орев
лицето ко овој ненаместен кревет
бисерот меѓу гради- папок
ќе трепериш ли тогаш?
Ќе трепериш ли
...за љубов?
Дарко Лешоски
Link to this comment:
All Comments (0)