Македонското Братство е растечко патриотско здружение, чија цел е да ги запознае Македонците со самите себеси, со нивната историја, со значењето на зборот Македонец и теретите кои таа националност ги носи со себе. Филозофијата на Македонското Братство е дека секој Македонец треба да го сака својот брат поради тоа што е Македонец, не поради тоа што има било каква материјална корист од него, да му помага на братот во невоља. Христијанството е од големо значење во ова друштво. Македонското Братство се собира да ги одбележи деновите на големите Македонски борци, да положи цвеќе на нивните гробови, на националните празници, на Македонските собири и слично. Член може да биде секој Македонец без разлика на неговата возраст, доколку ги дели истите идеали со нас е добредојден. Исто така имаме собири на кои се разменуваат идеи за Македонија, за нејзините борци и за нејзината иднина исто како и разменување и делење на патриотска литература. Доколку имате повеќе прашања слободно контактирајте не. За Македонија, За Братство, за Христијанство