About this user
Тешко ми е Татковино. Историјата продолжува, самоуништувањето трае, синдромот се повторува, а обединувањето твое бега далеку од нас. Долу по полено по врбацине, во срцево, уште е така. И ден и ноќ и нож в плеќи забиен. Не ме уплашија векови со нож во туѓа рака, ме плаши час со нож од рака својa в плеќи. Тешко ми е Татковино...кога не сум во тебе, кога те напуштам како да го напуштам Бога. Како да ми бега од над глава десната рака на Ангелот, како уште да траат сите твои востанија...како никогаш да не може да секне крвта на Апостолите на измачените, крвта на царевите, на Великите, крвта на просветителите, на најумните, крвта на војводите на најмилите, крвта на комитите на најхрабрите, крвта на паднатите на неправедно жигосаните, крвта на неродените, на утре ликвидираните... Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е. Ми се скамени летот во 'рбетот, оти ти ми беше и крило и небо. Секоја ноќ те сонувам, на Белата Кула во Солун, загледана во Белото море, како ги чекаш своите големи синови Филип и Александар, да те избават од овој голем срам, во кој те втурнаа предавниците. Секоја ноќ те сонувам и си велам, еееј гиди Македонијо, некогашна мори славна Империјо, распослана на половина Планета, ОД ПЕЛА ПА СЕ ДО ПЕРСИЈА, ДО ИНДИЈА...Денеска падната на колена, да ги молиш оние КОИ ГИ ОПИСМЕНИ, им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Alfa и Omega... па Аз, Буки, Веди, па А и Б...Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде, дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби...Нив да ги молиш сега, името распнато да ти го остават на 180 километри квадратни...Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е. Секоја ноќ те сонувам, на Белата Кула во Солун, загледана во Белото море, како ги кинеш сите бели знамиња тие симболи на предавството и од коските на твоите големи цареви градиш голема гемија, за големите походи на твоите идни поколенија. Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е. Секоја ноќ те сонувам, а кога се будам... зад мене почнува смртта, пред мене ништо друго. Исус Христос ме сонува на своето распетие, пелин, бозје, змиско грозје...Зад мене една распарчена Македонија, пред мене подвижен гроб. Се постила векот пред мојот од, како батанија од тешка скрама, со сета крв на едно Илинденско востание. Не дебнат Балканските делегати во Париз, Копенхаген, Стразбур и Женева, со куршуми веќе забодени во моето срце...Во Софија мрачен танц на мачки душождери ме чека, во Атина и старата и новата Демократија заедно смртобудно ме галат. Белград повампирени воздишки за Вардарска Бановина ми праќа...А јас веќе знам, нема од што да се плашам. Нека лае Европа во песји хорови, никој ништо нема да ми земе, оти ништо ќе немам. Сам ќе бидам со ветрот на ова тромеѓие, на ова Македонско распетие. Јас, што сакам да изменам се', народ, граници и чемер...Јас, што сакам син на цела татковина да бидам и не само Вардар, туку и Вардар и Егеј и Пирин, ОБЕДИНЕТИ ДА ГИ ВИДАМ!
Country: Macedonia