sEvergreen - Verbalno FU 2,077
Featured Playlists
sEvergreen MemorieZ
Download link за целата компилација.
http://www.megaupload.com/?d=H<wbr>2NYMDIE
sEvergreen MemorieZ е компилациски албум кој е сниман во периодот 2010/11 година.
Уште на почетокот, кога сеуште идејата за ваков проект ни беше нецелосна и сеуште бевме несигурни во она што го правиме, знаевме дека сакаме само едно нешто: Да биде оригинална и да ја искористиме секоја можна секунда на понудените 16 инструментали за нешто што сметавме дека треба да биде искажано. Почнавме со малку, но завршивме со (речиси) сите убијци на битови од северниот дел на Скопје, вклучувајќи и некои од постарите. Пред се ни беше важно што успеавме да ја обединиме школата која до некој степен беше поделена, го тргнавме егото на страна, заедно со верската и националната припадност и едноставно, уживавме во музиката додека ја правевме. На компилацијата се рецитира на македонски, албански и босански јазик и има 11 артисти, меѓу кои се и ветераните Music Masta Vlado G, Sunset Maestro и Один:) За продукцијата беа задолжени Ѓоре Милевски-Џоле, Владо Грозданоски и Дуле Христов.
Мастерингот беше изработен од Partyman Mastering. Исто така, со компилацијата се врши и промоција на 2 песни од страна на MM Vlado G (основач на Instant Beat), снимани во раните деведесетти, за кои сме сигурни дека примамливо ќе ви звучат. Останува само да се преслуша овој проект и да се сфати главната поента на сите песни, дека нема поделби во хип хопот - има само луѓе што го претставуваат него, и луѓе што го живеат.
view all
Advertisement





Play all(164)



